Болоња ги смирува страстите: Михајловиќ не е позитивен на корона

Калчолигашот со соопштение се огласи по веста дека еден член на стручниот штаб е позитивен на коронавирус.

Италијанската јавност и навивачите на Болоња со страв ја примија веста дека еден од членовите на стручниот штаб на екипата е позитивен на ковид-19.

Причината за стравот е бидејќи се сомневаа дека станува збор за главниот тренер Синиша Михајловиќ, кој веќе цела година се бори со леукемијата.

– За да ги убедиме сите можеме да потврдиме дека има еден заразен со коронавирус во стручниот штаб на Болоња, но земајќи ја во обзир здравствената состојба на нашиот тренер, не станува збор за Синиша Михајловиќ – изјави Марко Ди Вајо, спортскиот директор на Болоња.

Ди Вајо изјави дека нема да го открие идентитетот на заразениот, а доколку и вториот тест биде позитивен тогаш сите членови на тимот ќе бидат ставени во изолација во тренинг центарот на Болоња.

Прочитајте и...  Помпео: Не го прифаќаме заклучокот на ОН за атентатот врз Сулејмани

– Тоа би било голем проблем за Болоња бидејќи сите ќе мора да бидеме 14 дена одвоени од нашите семејства – додаде Ди Вајо.

Прочитај повеќе

Ред Бул дефинитивно ја затвори вратата за Себастијан Фетел

Слободен печат

Надал си постави нова цел, 25 грен слем титули

Слободен печат

Стартот на Бундеслигата е закажан за септември

Слободен печат

Шкендија ја темпира формата со пет пријателски натпревари

Слободен печат

Кипарската Докса го промовираше Шишковски

Слободен печат

Турски или дански предизвик за Jунајтед во Лига Европа

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Хувентуд и Димитријевиќ против Партизан, Уникс Казан, Венеција..!

Слободен печат

Вујин и официјално нов ракометар на Вардар

Слободен печат

Потврдени уште две трки во Формула 1

Слободен печат

ЛШ: Тежок пат за Јувентус и Барса, Аталанта на ПСЖ!

Слободен печат

Де Бласио: „УС Опен“ ќе се одржи, но без публика!

Слободен печат

Анри клечеше осум минути и 46 секунди! (ВИДЕО)

Слободен печат