Болно признание на Бела Хадид: Боледувам од 14 години, секој ден чувствувам барем 10 од овие симптоми

Светски познатата манекенка и модел Бела Хадид (23) ја отвори душата и прозборе за својата борба против лајмската болест која трае веќе 8 години.

Бела Хадид / 8 февруари 2020, Њујорк,  САД / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Таа се огласи на Инстаграм и наведе кои непријатни симптоми ги чувствува.

Објави листа со симптоми, а со стрелка укажа со кои се среќавала.

„Невидлива болест… Секој ден чувствувам барем 10 од овие симптоми… Од својата 14-та година, агресивно кога наполнив 18“, напиша манекенката.

Меѓу другото, тука се главоболката, замаглување на свеста, умор, анксиозност, промена на расположението, тешкотии со дишењето, несоница, нерегуларни отчукувања на срцето, конфузија, чувствителност на светлина и бучава, дисфункција на тироидната жлезда, болка во абдоменот, мачнина, кандида, потешкотии со вежбањето, воспаленија во телото, болка во зглобовите, промени на телесната температура како и необјасниво потење.

Пред пет години Бела за „Evening Standard“ првпат зборуваше за потешкотиите што ѝ ги донесе Лајмската болест.

„Тоа влијаеше на моето помнење толку многу што во некои моменти не можев да се сетам како да стигнам од Санта Моника до Малибу каде што живеев. Не можев да возам. Бев премногу болна. Морав да го продадам коњот затоа што не можев да се грижам за него“, приза тогаш Бела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот