Болните од коронавирус во Њујорк ќе се лекуваат и на американски воен брод (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го испрати воениот брод-болница на пат кон Њујорк, за да нагласи дека федералните власти имаат одговор на епидемијата на коронавирусот.

Воениот брод „Комфорт“, со капацитет од над илјада болнички кревети, бил на редовен ремонт кога стигнала наредбата итно да се оспособи за да им се пружи помош на заболените во Њујорк, епицентарот на епидемијата во САД.

Трамп рече дека неговиот пат во военото пристаниште Норфолк не е неопходен, но дека одлучил да оди таму за да му се заблагодари на воениот ремонтен тим и на здравствените работници кои работеле на сервисирањето на бродот „Комфорт“. Тимот ја завршил работата и ремонтот повеќе од една недела пред утврдениот рок.

– Нема да се прегрнувам и бакнувам со луѓето, но ќе упатам јасна порака на благодарност – рече Трамп.

Бродот „Комфорт“ некогаш служел како нафтен танкер, а потоа е преуреден во пловечки ургентен трауматолошки центар за американски војници ранети за време на борбени дејствија, но за време на новата мисија во Њујорк тој ќе претставува цивилна болница.

Овој брод кој е стар речиси цел век има 1.000 медицински работници, 12 операциони сали, одделенија за радиологија и интензивна нега, скенер, лабораторија и аптека. Во минатото бил оперативен во слични ситуации единствено за време на Првата светска војна и за време на пандемијата на шпанскиот грип по неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот