Болниот Ристовски стражарно ќе се донесе во суд

Поради повторно отсуство на оперираниот Леко Ристовски, обвинет во случајот „Титаник“, случај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со изборни нерегуларности, денеска претседателот на судечкиот совет судијата Осман Шабани мораше да го одложи рочиштето. Иако неговиот адвокат Димитар Дангов изјави дека Ристовски ќе е на постоперативно боледување и морал да оди на прегледи за раната, судечкиот судија сепак издаде наредба за следното рочиште на 10 јуни тој да биде стражарно донесен во суд.

Во овој случај застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО.

Досега се презентирани над 2.500 од околу 5.900 материјални докази. Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот