Болниците во Романија ќе примаат пациенти само за итни операции

Во Романија од денеска е забранет прием на пациенти за операција, освен во случај да станува збор за итна хирушка интервенција.

– Од 24 март во следните 14 дена забранета е хоспиутализација за хирушки операции, медицински процедури и прегледи во болниците, кои не се итни и можат да бидат одложени. Сите пациенти, кои немаат потреба од итна помош и немаат потреба од задолжителна медицинска помош да бидат испишани од болница во рок од 48 часа од стапување во сила на мерката, се наведува во соопштението од романското Министерство за внатрешни работи.

Исто така се посочува дека наредбата важи ии за државните и за приватните болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот