Болницата „8-ми Септември” будно ја следи состојбата со коронавирусот и е подготвена за потребите на пациентите

Во зависност од потребите во болницата ќе се врши реорганизација на просторот и кадарот, а преку Тријажниот центар се прифаќаат пациентите.

Капацитетите на Градската општа болница „8-ми Септември” се ставени во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на коронавирусот Ковид-19.

Како што денеска соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, болницата, која досега беше наменета за пациенти, што беа сомнителни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како интервенција – хируршка или во ангеографска сала или ендоскопска, врз основа на препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19, во зависност од потребите ќе врши внатрешна прераспределба на материјалните капацитети и персоналот.

Во зависност од потребите во болницата ќе се врши реорганизација на просторот и кадарот, а преку Тријажниот центар се прифаќаат пациентите.

Третина од капацитетот на болницата, потсетуваат во соопштението, во моментов е наменет за карантински оддел  со соодветни операциони сали и неопходна опрема за хируршки интервенции на сомнителни на Ковид -19 пациенти.

– Врз основа на воспоставени протоколи при приемот во болницата „8-ми Септември” на лица кои се во животозагрозувачка состојба, тие ќе се третираат како позитивни на Ковид-19, по што веднаш им се прави потребната интервенција и соодветно ќе бидат згрижени. Пациентите, кои не се во животозагрозувачка состојба, а воедно се третираат како сомнителни на Ковид-19, ќе бидат изолирани во болницата до добивањето на резултатите на тестот на коронавирусот, стои во соопштението.

Од „8-ми Септември” наведуваат дека будно ја следат актуелната состојба со ширењето на Ковид-19 и болницата е подготвена да се организира и соодветно да функционира според потребите на пациентите и дадената ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот