„Болница Неуромедика“ ќе се грижи за здравјето на кошаркарите на МЗТ

„Неуромедика“ е првиот приватен медицински бренд во Македонија, кој веќе 27 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес, „Неуромедика“ придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди.

– Обврската како шампиони да се стремиме кон највисоките цели и во другите области е причината што се трудиме и да соработуваме со најдобрите во сите полиња, за што уште една потврда е вчерашното официјализирање на договорот со „Болница Неуромедика“, на кој потписи ставија нашиот извршен директор Тони Грнчаров и генералниот директор на оваа еминентна здравствена установа, доктор Емил Угриновски – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Како ретко чист македонски бренд, кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, „Неуромедика“ е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните.

– На сите играчи на МЗТ Скопје Аеродром ќе им бидат обезбедени целосни медицинско–специјалистички прегледи пред почетокот на новата сезона, а воедно и целосна медицинска грижа целиот период додека трае истата. Кошаркарите ќе имаат медицинска грижа од врвни лекари специјалисти, физиотерапевти и останат медицински персонал на „Болница Неуромедика“ – рече Угриновски.

Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на медицинските екипи.

– Вистинската медицинска поддршка, навремената и квалитена физикална терапија, прегледи од врвни специјалисти, најсовремени техники на опоравување и заздравување се сегменти кои секој професионален клуб треба да ги има за да постигнува врвни резултати. Напорните тренинзи, дисциплина, начинот на живот и исхрана ги креира спортистите со врвни резултати, но доколку сето тоа не се поддржи со квалитетна медицинска помош и следење тогаш нема да ги добиваме континуирано посакуваните резултати. Благодарни сме за новата соработка со „Болница Неуромедика“, на генералниот директор, доктор Емил Угриновски, но и на професионалните и високо стручни и еминентни доктори кои се дел од Болницата“ – се зборовите на Грнчаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот