Болниците во Холандија поради ковид-19 ги откажуваат хемотерапиите и трансплантациите

Вакцинација против коронавирусот во Холандија
Вакцинација против коронавирусот во Холандија / Фото: EPA-EFE/RAMON VAN FLYMEN

Дел од холандските болници го прекинаа лекувањето со хемотерапија и трансплантација на органи за да обезбедат кревети за интензивна нега поради зголемениот број на пациенти инфицирани со ковид-19.

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во холандските болниците се искачи на рекордно ниво, што не е забележано од почетокот на мај, а експертите предупредија дека болниците ќе го достигнат својот полн капацитет за нешто повеќе од една недела.

Неделава неколку пациенти со ковид-19 се пренесени во германските болници.

Иако 85 проценти од возрасното население е вакцинирано против ковид-19, во изминатите 24 часа регистрирани се 23.709 новозаболени лица.

Во Холандија од почетокот на пандемијата со ковид-19 регистрирани се над 2,5 милиони инфицирани и над 19.000 смртни случаи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот