Болниците во Бугарија преполни, состојбата и понатаму се влошува

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Болниците во Бугарија се преполни, а денеска на ковид одделенијата има 7.553 пациенти, од кои 656 се на интензивна нега.

Повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани, покажуваат податоците, пренесува БГНЕС.

Здравствените власти велат дека владата и недовербата на јавноста во вакцините се виновни за тешката епидемиолошка ситуација во земјата, велејќи дека само секој четврти возрасен човек е целосно вакциниран.

По релативно мирното лето, Бугарија тешко ја погоди нов ковид бран, откако бугарската Влада не воведе построги мерки.

Политичка и ковид криза

Земјата се соочува и со политичка криза бидејќи од минатата пролет таа е со преодна влада, што дополнително ја наруши довербата на јавноста во институциите.

Бугарија е на прагот на трети парламентарни избори за една година бидејќи партиите двапати не успеаја да се договорат за распределбата на власта.

Денеска се пријавени 5.178 нови инфекции и уште 124 смртни случаи, со што бројот на починати во земјата се искачи на 23.718, а во последните две недели Бугарија има највисока стапка на смртност од коронавирус меѓу земјите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот