Болничарите кои го спасија животот на Ериксен добија покани за финалето на ЕП

Кристијан Ериксен колабираше на Европското првенство 2020/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Европската фудбалска куќа (УЕФА) направи одличен потег откако ги покани Кристијан Ериксен, неговата сопруга и шест болничари да го гледаат финалето на Европското првенство кое ќе се одржи во Лондон.

Во овој момент нема потврда дали данскиот репрезентативец и воедно член на Интер ќе дојде на Вембли, пишува „ЕСПН“ .

Еден од болничарите кој го спаси Ериксен откако имаше срцев удар на вториот ден од ЕП на дуелот со Финска, истакна дека му е чест да добие ВИП покана од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

– Возбуден сум, како дете на Бадник. Горд сум поради мојот ангажман, но и на целиот тим. Не беше само напор на еден човек – рече болничарот Ерсгард, кој додаде дека би сакал Данска игра финале против Италија.

Денеска од 21.00 часот ќе се игра првото полуфинале на континенталниот собир помеѓу Италија и Шпанија, а утре во истиот термин силите ќе ги одмерат Англија и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот