Болничар поради коронавирусот ја уби својата девојка – лекарка: Мислел дека го заразила, но резултатите покажаа друго

Фото: Facebook Printscreen

Кога полицијата пристигнала во нивниот стан ја пронашла девојката мртва, а Де Паце седел на подот со пресечени вени на рацете.

Страотно убиство ја потресе Италија, европската држава најтешко погодена од епидемијата на коронавирус.

Докторката Лорена Кваранта (27) е пронајдена задавена, а во полицијата пријавило нејзиното момче, Антони Де Паце. Тој наводно ја повикал полицијата и рекол: „Ја убив бидејќи ме зарази со коронавирус“, пренесуваат британските медиуми.

Кога полицијата пристигнала во нивниот стан ја пронашла девојката мртва, а Де Паце седел на подот со пресечени вени на рацете.

 

Обвинителството открива дека медицинскиот техничар Де Паце и Кваранта, прелиминарните тестови биле негативни на коронавирусот и неговите тврдења ги нарекле „глупости“, наведува италијанската новинска агенција Аднкронос.

Кваранта и Де Паце работеле заедно во болницата во Месина на Сицилија, каде со останатите колеги секојдневно воделе битка со епидемијата. Де Паце веднаш е пренесен во болница, каде неговите колеги му го спасиле животот. Неколку дена пред смртта, Кваранта на Фејсбук напиша за предизвиците со кои се соочува како медицински работник во Италија.

„Сега повеќе од кога и да е мора да покажеме одговорност и желба за живот. Мора да искажете почитување кон себе, своето семејство и земјата“, напиша таа. Де Паце пак неодамна на Фејсбук и ја честиташе на својата девојка лекарската диплома, истакнувајќи дека е горд на неа.

„Продолжи да ги следиш своите соништа, секогаш живеј го животот каков што си го замислила. Браво. Честитки на брилијантната диплома“, напиша пред десетина дена Антонио.

Бројот на смртни случаи во Италија порасна на повеќе од 700 во средата, додека еден владин службеник рече дека луѓето се потешко ќе ги поднесат социјалните рестрикции.

Агенцијата за цивилна заштита објави нови 727 смртни случаи поврзани со Ковид – 19, а вкупниот број на досегашните смртни случаи порасна на 13.155, што е најголема бројка во светот.

Вкупниот број на заразени, вклучувајќи ги и они кои се опоравиле или умреле, изнесува 110.574, што е дневен пораст од 4,5 проценти, додека во вторникот порастот беше 5 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот