Болницата во Козле се полни со пациенти, пет деца се на кислородна поддршка

ЈЗУ Институт Козле /Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Детската болница во Козле се полни со пациенти заболени од ковид-19, а во моментов пет деца се на кислородна поддршка, објави Сител.

Овие деца имаат ниска кислородна сатурација и сите се со сериозна клиничка слика, но нивната состојба е стабилна, информираат надлежните.

Од дваесетината деца кои лежат во болницата, 15 се на училишна возраст. Малите пациенти имаат наоди на белите дробови и висока температура и се борат за воздух, велат лекарите.

Педијатрите предупредуваат дека овој бран на епидемијата е многу посериозен од претходните, како и дека бројот на приеми и прегледи на деца е зголемен со стартот на учебната година.

Лекарите стравуваат и дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците оваа есен и зима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот