Болницата во Дебар се полни со ковид-пациенти, опасниот вирус однесе уште една жртва

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Се пополнуваат болничките капацитети во Ковид центарот и хируршкото одделение во Општата болница со проширена дејност во Дебар, како последица на зголемениот број заразени на кои им е неопходен болнички третман.

Директорот на болницата, Баки Алили, за МИА,  потврди дека моментно хоспитализирани се 38 пациенти, што е за осум  повеќе од вчера попладне.

-Од нив на кислородна поддршка се 32 пациента. Дневно  амбулантски се лекуваат во просек 30 пациенти, додека во здравствени установи во Скопје имаме седум лица од нашето подрачје. И покрај сите напори на здравствениот кадар, за жал, денеска почина повозрасен пациент од Центар Жупа, кој беше хоспитализиран десеттина дена. Претходно како последица од опасниот вирус почина  и неговата сопруга,  изјави Алили.

Дека епидемиолошката состојба е неповолна говорат и бројките кои потврдуваат дека заклучно со вчерашниот ден само овој месец опасниот вирус е дијагностициран кај 335, главно невакцинирани и пред сè на возраст од 20 до 40 години, во списокот на закрепнати се внесени вкупно 139, додека за жал починале 15 лица.

-Веќе не апелирам, туку ги замолувам граѓаните сите кои не се вакцинирале тоа да го направат ден порано зашто само на тој начин може да се заштитиме себе си, нашите најблиски и поширокото опкружување. Тоа може да го направат во модуларната болница која е ванцинален пункт, во дворот на нашата установа, не е потребен термин, туку со себе треба да понесат само документ за идентификација, порачува Алили.

Додаде дека само денес аплицирани се 150 вакцини од Фајзер, која се користи за ревакцинација, како и од „Синофарм” и „Астра Зенека”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот