„БОЛКАТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ“: Српски и косовски војник заедно помагаат во Албанија

Поради неодамнешниот силен земјотрес во Албанија, екипи од цела Европа се мобилизираа за им помогнат на граѓаните кои страдаа во големата несреќа. Помошта пристигнува од сите страни, а една фотографија брзо се прошири на социјалните мрежи.

На фотографијата објавена од „Балканвеб“, може да се забележи како војник од Србија, заедно со друг војник од Косово, помагаат во справување со последиците од страотниот земјотрес.

Фото: Балканвеб

– Оваа фотографија носи голема порака – пишува „Балканвеб“.

Под мотото „Болката не познава граници“, граѓаните на Албанија изразуваат голема благодарност до српските сили кои помагаат за справување со големите штети по земјотресот од 6,4 степени по Рихтер.

Покрај помошта од другите земји, тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.

Македонските тимови во Албанија од урнатините на зградите извлекоа две починати лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот