Боливискиот претседател Ево Моралес поднесе оставка

Фото: Профимедиа

Боливискиот претседател Ево Моралес синоќа на прес конференција соопшти дека поднесува оставка за „доброто на земјата”, откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.

Моралес повика на итни разговори со опозицијата заради повеќенеделните немири кои ја потресуваат оваа земја.
 

Најавата за демисија од функцијата доаѓа откако командантот на боливиските вооружени сили Вилијамс Калиман апелираше до Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди мир во земјата.

Вооружените сили на Боливија претходно синоќа соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација” на вооружените групи кои делуваат надвор од законот.

Исто така, вчера Ораганизацијата на американски држави (ОАС) соопшти дека со ревизија е утврдено дека имало неправилности на изборите одржани на 20 окотмври, на кои Моралес го освои четвртиот мандат, пренесоа британските медиуми.

Моралес најави дка ќе распише нови избори, бидејќи по неговата победа земјата западнала во криза.

-Одлучив да ги заменам сите членови на Централната изборна комисија- рече Моралес во интервју на телевизијата.

Тој наведе дека ќе распише нови избори за „боливискиот народ на демократски начин да ја избере новата власт”, пренесе Бета.

Претходно тој вчера ја повика опозицијата на итни преговори.

-За да го сочуваме мирот во нашата сакана земја итно на преговори ги повикувам претставниците на партииите кои освоија места на изборите-напиша Моралес на Твитер.

Тој ги повика и активистите за човекови права, како и меѓународните организации, да се придружат во незадоволството против, како што кажа „антидемократските групи кои го почнаа државниот удар во Боливија”, пренесе Танјуг.

Неколку полициски единици во најмалку четири региони од земјата се побуниле протрив владата во екот на протестите почнати поради обвинувањата за измама на изборите од 20 октомври, на кои Моралес однесе убедлива победа уште во првиот круг од гласањето.

Боливиската изборна комиисја го отфрли тврдењата дека се откриени неправилности во пребројувањето на гласовите на изборите, но демонстрантите и натаму инсистираат на нови избори.

Во немирите досега се убиени седум лица, а повеќе тристотини се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот