Боливија: Поранешната претседателка осудена на десет години затвор

Фото: Википедија/официјален портрет

Суд во Боливија ја прогласи поранешната претседателка Жанин Ањез за виновна за организирање државен удар со кој дојде на власт за време на политичката криза во 2019 година, и ја осуди на десет години затвор.

Судот ја прогласи Ањез (54), која ја водеше Боливија од 2019 до 2020 година, наследувајќи го Ево Моралес, за виновна за носење неуставни одлуки и занемарување на нејзините должности.

Обвинителството соопшти дека Ањез, поранешна десничарска сенаторка, ги прекршила нормите кои го гарантираат уставниот и демократскиот поредок по претседателските избори во Боливија во 2019 година.

Ањеѐ постојано тврдеше дека е жртва на политичка одмазда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот