Боливија ќе издаде налог за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес

Фото: EPA-EFE/STR

Боливија во следните неколку дена ќе издаде налог за апсење на поранешниот левичарски претседател Ево Моралес заради бунт, изјави привремената претседателка на земјата Жанин Ањез.

Моралес во моментов се наоѓа во Аргентина, каде неделава доби статус на бегалец, пренесоа британските медиуми.

– Може да се врати кога и да посака. Замина бидејќи тоа го сакаше – рече Ањез и додаде дека во следните неколку дена ќе биде распишан налогот за негово апсење.

Статусот на поранешниот боливиски претседател беше решен со инаугурацијата на новиот аргентински претседател Алберто Фернандез, кој го наследи конзервативецот Маурисио Макри.

Моралес претходниот месец го мина во Мексико, по бурните случувања во неговата земја во октомври кога беше обвинет за организирање и учество во „наместени избори”.

Иако прогласи победа по првиот круг од гласањето на претседателските избори, оддржани на 20 октомври, Моралес, по речиси 14 години минати на власт, беше присилен да поднесе оставка под притисок на вооружените сили во земјата. Една недела подоцна веќе избега во Мексико, каде побара и експресно доби азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот