Боливија го повлече налогот за апсење на екс претседателот Ево Моралес

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Правосудството на Боливија синоќа го повлече налогот за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина. Одлуката е донесена една недела по победата на неговиот привразаник Луис Арсе на претседателските избори.

– Неговите права се прекшени. Првенствено правото на одбрана, бидејќи не беше уредно повикан на сослушување, изјави претседателот на судот во Ла Паз, Хорхе Квино.

Главниот обвинител на Боливија на 6 јули побара покренување на кривична постапка против Моралес поради бунт и тероризам. Тогаш беше наложено и притворање на Моралес.

Поранешниот боливиски претседател на 10 ноември во 2019 година, под притисок на армијата и протестите на опозицијата, беше принуден да даде оставка.

Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот