Болест под превезот на мистеријата: Саудискиот крал Салман примен во болница

Саудиски крал Салман Бин Абдулазис EPA-EFE/

Кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз е примен во болницата во саудискиот град Џеди поради медицински прегледи, јави државната агенција SPA, повикувајќи се на соопштение на кралскиот двор.

Саудиски крал Салман Бин Абдулазис EPA-EFE/

 

Во соопштението, без да се наведат дополнителни детали, се наведува дека саудискиот владетел моментално се наоѓа во Специјалистичката болница „Крал Фајсал“.

Кралот Салман (86) беше опериран на жолчното кесе во 2020 година, а батеријата на пејсмејкерот му беше заменета во март годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот