„Натопете тост од бел леб во виски, а потоа ставете го на глава“: Како се лечеле луѓето од разни болести во 18-ти век? 

ДОКТОР
Фото: Unsplash

Ако мислите дека вашата баба претерува со народни лекови и премногу форсира јаболков оцет, прочитајте како се лекувале луѓето во 18-тиот век.

Кон крајот на 1740-тите, Џон Веслеј, основачот на Методизмот, објавил книга во која се нуди „едноставен и природен начин за лекување на повеќето болести“. Оваа книга била наменета за „обичните луѓе“ за да можат брзо и ефикасно да се лекуваат од бројни болести во нивниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rethink Church (@rethinkchurch)


Најголемиот дел од медицината на Весли се состоела од тоа што пациентот треба да пие ладна вода или се капе во неа, а според него, ладната вода лекувала голем број на болести, вклучувајќи карцином на дојка! Но, некои од неговите предлози, како што е користењето чај од камилица при тегоби во стомакот, се покажале како функционални до ден денес. Другите лекови, сепак, биле малку чудни и бизарни според денешните стандарди, а еве неколку од нив:

Лек за запирање на крварењето од носот

Пијте сурутка и јадете суво грозје секој ден, вели Весли, бидејќи тоа ќе помогне да се спречи крварење од носот. Други методи на превенција или лекување се „држете зажарено парче јаглен под носот“ или „натопете крпа во оцет, запалете ја, а потоа вдишете ја нејзината миризба“

Лек за гихт

„Не обрнувајте внимание на оние кои велат дека гихтот не треба да се лекува. Тие всушност велат, не може да се излечи“, пишува Весли. („Тие“ веројатно се однесувало на лекарите од тој период.) „Знам дека не може да се излечи со нивните рецепти. Но, јас знам како да излекувам многу луѓе , без никакво негативно влијание со следново: „Гихтот на ногата или раката може да се излечи со ставање на суров слаб бифтек (говедско месо) на болното место. Променете го еднаш на секои дванаесет часа, сè додека не ве излечи“, истакнал во тоа време Веслеј.

Лек за жолтица

Весли предлага лекување на жолтица со едноставен третман: „Носете ги листовите на растението руса (chelidonium) под нозете како влошки“. Другите можни третмани вклучуваат земање мала таблета направена од маслинов сапун наутро – осум до 10 дена или, „легнете на лушпите од јајца три дена, постете три утра или наједноставниот лек: одете додека не се препотите“, истакнал во тоа време Веслеј.

Лек за пневмонија

Весли предлагал лекување на пневмонија на следниов начин: „Испечете го кромидот на скара, измешајте го со кремот и намачкајте ја болната страна“. Вториот лек е нешто поразличен: „Наполнете ја внатрешноста на јаболкото со темјан, па печете го додека не стане пепел, направете каша од неа и изедете ја“.

Лек за болно грло

Болки во грлото, на кои што милсел Весли, денес е познато како „peritonsillar apsce“ или компликација на на воспалени крајници. Неговиот лек бил прилично едноставен: „Натопете тост од бел леб во виски, а потоа ставете го на главата и оставете го таму додека не се исуши целосно“.

Лек за забоболка

Лекот за забоболка, според Весли, бил струен удар на забот. Ако ова е премногу екстремно за вас, алтернативата е да го триете образот петнаесет минути или да ставите парче лук во увото.

Лек при посекотина

Првиот метод на Весли за лекување (мали) исекотини не се разликува особено од денешниот. Тој препорачува да го ставиме палецот на раната и да го држиме таму половина час. Вториот метод, при подлабока посекотина сепак е малку понеконвенционален,: „Ставете парче пржено сирење на посекотините“.

Лек за маларична треска

Постојат многу природни лекови за лекување на маларична треска, но Весли предлага прво да пробате со „благо повраќање“. Ако тоа не успее, тој предлага да му ставите вреќа трева на стомакот. Тревата треба да се исецка и кожната торба да има дупки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот