Болен поротник го одложи рочиштето за „Тендери“

Фото: Архива-Слободен печат

Поради болест, денеска во судница не беше присутен еден од судските поротници кој е во судечкиот совет за случајот „Тендери“. Поради ваквата новонастаната ситуација, судијата Осман Шабани кој го води предметот, го одложи денешното рочиште за 10 ноември.

Во „Тендери” првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, а обвинети се и Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска.

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон” од Штип.

Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон” од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот