Боксот „лета“ од Олимписките игри, а нема да гледаме ни фудбал поради Мундијалот!?

Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Британскиот медиум „Тајмс“ објави сензационална вест дека Меѓународниот олимписки комитет размислува да го тргне фудбалот од листата на олимписки спортови во случај да се спроведат плановите за одржување на Светското првенство на секои две години.

Изворот наведува и дека на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година нема да има бокс, модерен петобој и кревање тегови.

Боксот има рок до следната година да исполни одредени критериуми за да ја врати вклученоста. Проблемот е во тоа што „аматерскиот“ бокс, како и професионалниот бокс, во последните 30 години се пресели од листата на главните спортови на маргините на интерес.

Но, спортската јавност најмногу ја шокираше веста за фудбалот. Зборувајќи за „Тајмс“, член на Интернационалниот олимписки комитет, кој побара да остане анонимен, вели дека пораката на ИОК е многу појасна отколку што изгледа: „Ако сакате фудбалот да остане на Игрите, мора да се откажете од плановите да го организирате Светското првенство на секои две години“.

Во меѓувреме, дел од членовите на ИОК кои денеска зборуваа во Пекинг по повод 139. седница на оваа организација, остро го отфрлија предлогот на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино (тој не беше присутен во кинеската престолнина).

Некои членови на ИОК побараа од Инфантино „да се откаже од својата идеја бидејќи двогодишната фреквенција ќе има силно негативно влијание врз другите спортови“.

– Организирањето на Светското првенство на секои две години би создало немерливи штети и би ги загрозило спортовите, особено фудбалот. Фудбалерите не се роботи и мора да се опорават и да поминуваат време со своите најблиски. Затоа, повикувам да се прекине оваа иницијатива, неспоива со нашите олимписки вредности – најгласен беше претседателот на Африканските национални олимписки комитети, Алжирецот Мустафа Бераф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот