Боксерот Аземи победник на меѓународниот турнир во Приштина

Фото: bfm.mk

Боксерот на Шкупи и член на македонската репрезентација, Ардијан Аземи триумфираше на меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина, Косово.

На еднодневниот турнир со скратена програма, настапија боксери од три земји, домаќинот Косово, Македонија и Албанија.

Ардијан Аземи победи во категоријата 91 килограм, боксерот на Шкупи и кандидат на репрезентацијата за настап на ЕП во Будва во ноември, со прекин го победи Клодиан Дода од Албанија.

Претставникот на Шкендија Но Лимит, Милан Петковски, загуби од Сантијаго Селимај од Албанија во категоријата 69 килограми со прекин.

Натпреварите се одржаа во „Палатата на спортовите“ во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот