Боксерка ја бакна противничката, следеше неочекувана реакција (ВИДЕО)

принтскрин

Вечерва ќе се одржи боксерски спектакл во женска конкуренција во кој ракавиците ќе ги вкрстат бранителката на титулата Ева Бродницка и предизвикувачката Едит Соледад Матис. Тие вчера одржаа церемонијално мерење и соочување пред новинарите, а настанот за малку ќе прераснеше во физичка пресметка.

За време на соочувањето помеѓу двете боксерки, Ева Бродницка, ненадејно ја бакна во уста својата противничка, а тој потег воопшто не и се допадна на Аргентинката. Соледад Матис веднаш реагираше со шлаканица, а потоа разменија по неколку удари, но за среќа обезбедувањето спречи поголем инцидент.
Полската боксерка која е бранителка на титулата потоа се обиде да и објасни на својата противничка дека потегот е само шоу за новинарите, но Соледад Матис немаше разбирање за нејзиниот потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот