Боксерите со три медали се вратија од турнирот во Врбас

Македонските боксери остварија одличен резултат на Националниото куп во Врбас во кадетска конкуренција, освојувајќи три медали, по еден златен, сребрен и бронзен.

Златниот медал го освои Ардијан Аземи кој во категоријата над 80 килограми во финалето го победи Индиецот Вишал Гупта.

Сребрениот медал му припадна на Ајхан Озмен, кој во финалето во категоријата до 66 килограми загуби од казахстанскиот боксер Султан Бабаханов кој воедно е и првак на Азија во кадетска конкуренција.
Третиот македонски боксер со освоен медал е Илхан Озмен кој стигна до бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот