Боксери од Косово вратени од границата со Србија и неизвесен е нивниот настап на Светското првенство

Илустрација/фото: EPA/SANTI DONAIRE

На членовите на боксерската делегација на Косово не им е дозволен влез на територија на Србија каде требаше да бидат дел од Светското првенство кое започнува утре во Белград.

Како што јавува коха.нет од косовската делегација било побарано да ги остават униформите со обележјата на Косово доколку сакаат да влезат во Србија. Тие не го прифатиле ова барање по што не добиле дозвола да влезат во Србија.

– Еден час по полноќ тргнавме за Белград. Српската полиција не запре на граница и не ни дозволи да влеземе поради косовските ознаки на тренерските и маичките. На нив пишува БФК, и ни рекоа да ги оставиме на граница доколку сакаме да продолжиме за Белград. Но, вие веќе се договоривме со Светската аматерска боксерска федерација (АИБА) да учествуваме со ознаките на Косово и поради тоа не го прифативме предлогот на српската полиција – изјави Љатиф Демоли, генерален секретар на боксерската федерација на Косово.

Делегацијата потоа се вратила во Приштина и потоа одлетала за Цирих, Швајцарија од каде слетала на аеродромот во Белград. Но, на првата контрола по слетувањето во Белград исто така биле запрени и замолени да се вратат назад бидејќи ги носеле тренерките со обележјата на Косово.

Косово за настап на Светското првенство во Белград пријави тројца боксери, но засега не се знае дали ќе учествуваат на боксерскиот мундијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот