Боки 13 вратен во Шутка

Фото: Слободен печат

Бојан Јовановски по извршениот лекарски преглед на скопските клиники е вратен во затворот Шутка и е во добра здравствена состојба, информира за МИА, директорот КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ.

Боки Јовановски претходно денеска беше пренесен во болница поради испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се во притвор, осомничени во случајот „Рекет” за примање награда за противзаконито влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот