Боки 13 во суд тврдеше дека имал докази како е избран шефот на Кривичниот суд

Бојан Јовановски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев тврдеше во четвртокот Бојан Јовановски попознат како Боки 13 пред судечкиот совет на рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“ и рече дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање.

– Тенденцијата доаѓа од основани за мене, аргументирани познати факти кои се наоѓаат во мојот мобилен телефон, а се поврзани со претседателот на Кривичниот суд. И во ова мое барање искажувам целосна недоверба кон целиот правосуден систем, се надевам дека повисокиот суд нема паушално да го одбие моето барање како што го одби за изземање на овој судечки совет- рече Бојан Јовановски пред судот.

Откако Боки 13 влезе во расправа со судијката Софче Гаврилова, која му кажа дека нема потреба да кажува што има во неговиот телефон а неговото барањето ќе биде доставено, по што Јовановски беше избркан од судницата. Откако тргна да ја напушта судската сала, Јовановски се обраќаше кон Гаврилова говорејќи дека во судот нема ниту ред ниту достоинство.

Предметот за невладината на Јовановски е во фаза на изведување вербални докази. Следното рочиште е закажано за 8-ми ноември кога пред судот искази треба да даваат сведоци кои ги предложи одбраната на обвинетата во случајот Јасна Мандиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот