Боки 13 утре ќе седне пред Русковска

Драги Митрески

Првоосомничениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, утре ќе биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе треба да даде исказ, соопштуваат од Обвинителството.

По увидот во доказите, Јовановски утре за првпат ќе даде исказ во Обвинителството. Засега нема информација кога ќе даде исказ поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“.

Денеска завршува рокот за увид во доказниот материјал за овој случај.

Случајот „Рекет“ го води обвинителката Вилма Русковска.

Јанева и Јовановски побараа да излезат од затворскиот притвор од Шутка, но Апелациониот суд не им дозволи. Од притвор, единствено беше пуштен второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, кој е во домашен притвор.

Обвинителството случајот „Рекет“ го обелодени во јули, кога беа уапсени Јовановски и Милевски. Еден месец подоцна во Шутка им се придружи и Јанева. Осомничени се дека изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во истрагата „Империја“, а осомничените му дале ветување дека за него нема да има кривичен прогон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот