Боки 13 тврди дека му нуделе да ги намести Катица Јанева и Фросина Ременски

„Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене. Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е крива и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е крива за Меѓународен сојуз?“ рече првообвинетиот за „Рекет“ Бојан Јовановски образложува ја својата одбрана затворскиот притвор да му биде заменет со друга алтернативна мерка.

Тој случајот го нарекува „трагично кривично правен предмет, трагично наречен „Рекет“.

На барањето на Јовановски реагираше обвинителката Вилма Русковска, на што видно вознемирен, провообвинетиот и рече:

„Не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности“.

Судијката Васка Николовска Масевска за барањето за притворот на Јовановски ќе одлучи до четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот