Боки 13: Со Јанева и Русковска сум седел во ресторани, преку мои плеќи со „Рекет“ се водат политички битки!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Живеев за денот кога ќе можам да ја дадам својата одбрана во еден монтиран случај против мене. Не му е прв пат на обвинителот во овој случај да дава етикети. Срамно е таква реторика да биде користен во еден ваков случај. Пет месеци има јавен линч. Преку овој предмет се водат и политички битки, преку мои плеќи. Овој случај се претвори во сензација, голи невистини, многу шпекулации и уништување на медиум, изјави Бојан Јовановски на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој тој е првообвинет.

– Јас бев формално правно прокурист во 1ТВ. Моето име беше сатанизирано. Притворот кој го издржувам ми ја влоши здравствената состојба од операциите во болницата каде што е сопственик сведокот во овој случај Јордан Камчев – рече Јовановски, кој нагласи дека и денеска во воведните зборови на обвинителот имало „тресење од гаќи“.

Јовановски рече дека бедна конструкција на овој предмет било тоа што синот на Јанева работел во 1ТВ.

– Колку сум седел во ресторан со второобвинетата, толку сум седел и со обвинителката – рече Јовановски.

Тој ја повика амбасадата на САД и други стручни правни организации да го пратат овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот