Боки 13 пријавил 40 функционери и бизнисмени

Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Неговиот адвокатот Сашко Дуковски изјави дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.

Бојан Јовановски попознат како Боки-13 осуден во аферата „Рекет“, денеска повторно е спроведен од истражниот затвор „Скопје” до Јавното обвинителството, каде што поднесува десетина кривични пријави против четириесетина граѓани.

Јовановски преку соопштение на осум страници рачно напишано информира дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства, бизнисмени. Боки-13 во пријавите навдел дека тие треба да одговараат за кривичните дела злоупотреба на службена положба, измама, давање лажен исказ.

Неговиот адвокатот Сашко Дуковски изјави дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот