Боки 13 презентира брендирана облека која му ја конфискува државата (ВИДЕО)

Повеќе од еден час Бојан Јовановски, првообвинет во аферата “Рекет” денеска во судница презентира десетици фотографии каде тој позира додека носи разни торби, наочари за сонце, чевли, патики, чизми, накит, фармерки, шапки, шешири, ремени, бермуди,  џемпери и друга лична облека од познати светски брендови, купени или добиени на дар во период од јуни 2013 година, до есента 2015 година.

Според датумот на фотографиите од денешната презентација датираат неколку години пред Јовановски незаконски да зема пари од оштетени лица кои се жртви во аферата „Рекет“, и со тие пари, како што се тврди во обвинителниот акт на Јавното обвинителство, тој купувал разна облека, накит и уметнички дела за себе.

Според ОЈО, од Јовановски во текот на ланската, јунска истрага одземени се 71 вреќа полни со разна облека од обвинетиот.

Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот