Боки 13 повторно во болница

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски денеска повротно е хоспитализиран откако се пожалил дека има проблем со желудникот. Со затворско возило од истражниот затвор „Скопје“ тој е однесен на лекарски прегледи во новата градска болница „8 Септември“. Јовановски неколку пати додека е во првитвор итно е пренесуван во болница поради проблеми со желудникот, а минатата недела му се слоши во обвинителство кога требаше да даде исказ како првоосомничен за случајот „Рекет“.

Како што дознаваме Јовановски до судот поднел медицинска документација за влошената здравствена состојба и од судот побарал затворскиот притвор да му биде заменет со друга алтернативна мерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот