Боки 13 повторно однесен на прегледи

Бојан Јовановски познат и како Боки 13, кој е притворен за аферата „Рекет“, денеска повторно бил однесен на скопските клиники на преглед откако се пожалил на болки во стомакот додека бил во истражниот затвор „Скопје“. По прегледите тој бил вратен во затворот.

Во период од четири недели, Јовановски неколку пати беше носен на прегледи како последица на оперативен зафат.

Јовановски е осомничен во случајот „Рекет“ заедно со Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот