Боки 13 пак на распит кај Русковска за „Меѓународен сојуз“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е првообвинет во аферата „Рекет“ денеска повторно дава исказ пред обвинителката од Одделот за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со истрагата за невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Јовановски беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“ каде е во притвор од 15 јули годинава. Тој и во петокот беше донесен во ОЈО каде осум часа даваше искас во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

За овој случај се осомничени Јасна Мандиќ, таткото на Боки-13, Миле Јовановски, неговата асистентка Кристина Блажевска и пратеничката Фросина Ременски.

Истрагата за случајот е завршена. Според најавите, обвинението ќе биде поднесено на почетокот од јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот