Боки 13 од газдата на винаријата „Еземит“ барал два милиони евра

Фото: Слободен печат/ Драган Митревски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи распитот на сведоците во предметот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски, викан Боки 13, и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Предметот го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, додека Јовановски е обвинет за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Прв денеска сведочеше адвокатот Сашко Бошков. Сведокот рече дека во ноември лани му се јавил кошаркарот Владо Илиевски и му кажал дека Боки 13 сакал да се сретне со нив во 1ТВ. Тогаш Боки 13 го прашал дали е близок со Зоран Митровски од винаријата “Еземит” и му кажал дека имал предмети во СЈО.

– Јас му кажав дека има само еден предмет со “Поштенска Банка”, на што обвинетиот рече не е еден предмет туку се повеќе – рече Бошков.

Во врска со предметите и помошта Јовановски побарал два милиони евра, предлог кој бил одбиен.

– Му пренесов на Зоран Митровски кој реагираше бурно и се исплаши. Ми рече дека не чувствува потреба да даде пари. Прво се плашеше, но потоа случајот го пријави – рече сведокот Бошков.

Според сознанијата на сведокот, бараните пари никогаш не биле исплатени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот