Боки 13: Јас сум политички затвореник

Фото: Слободен печат

„Информирани сте за моето нарушено здравје. Немаме еднаква можност пред Законот и Уставот. Јас се чувствувам загрозено после давањето на исказот кај обвинителката Вилма Рускоска по што добив закани за моја ликвидација“, изјави Бојан Јовановски пред судскиот совет, првообвинет во случајот “Рекет”.

– Го известувам судот дека се чувствувам како политички затвореник преку кој политичките субјекти ги водат своите битки со овој предмет. Како болно лице и кое е во притвор ќе ги употребам сите правни лекови за да добијам соодветни мерки за да ја изготвам својата одбрана. Не го исклучувам и штрајкот со глад. Со оглед на моето здравје, таа постапка може да биде со фатални последици. На кого му пречи вистината за „Рекет“? Денес пратив писма до амбасадите на САД, ЕУ и Франција како и до Хелсиншкиот комитет, поради кршење на основните човекови права и слободи – изјави Јовановски.

Тој рече дека до денес овој судски совет со итност реагирал за неговата здравствена состојба и нагласи дека во последните три години тој имал најдолг затворски притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот