Боки 13 изнудил 260.000 евра од градежна фирма за друга партнерка

Фото: Слободен печат

Кривична пријава против деловната партнерка на Бојан Јовановски за измама поднела скопска градежна фирма, објави емисијата Код на ТВ Телма, пренесе МКД.мк. Според истата добро позната шема како и од договорите со ГП „Пелистер“ од Битола и „Дрим билдинг“ од Струга и оваа фирма била измамена.

Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка (засега не се откриваат имињата на партнерката и на градежната фирма) која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови.

На оваа шема, паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да си ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот. Големата уплата на сметка на приватно лице го привлекла вниманието на истражните органи.

Според договорот било предвидено изградба на станови, на спортски објекти, едукација за здрав живот и медиумска програма за општествена одговорност. Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, во изјава за Код рече:

– Се плашам дека сѐ ќе падне на грбот на Јовановски.

Дукоски: Боки 13 е во многу лоша здравствена состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот