Боки 13 излегува од затвор, заминува во куќен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, осуден во предметот „Рекет”, со што решението на првостепениот Суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор и се определува куќен притвор, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

– Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет”, изјавена преку неговиот бранител, се уважува, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

Решението на првостепениот Суд, се вели во соопштението од Судот, се преиначува на начин што се укинува мерката притвор за обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор.

Судот на 18 јуни годинава на Бојан Јовановски – Боки 13 му изрече затворска казна од девет години како првообвинет во предметот „Рекет”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот