Боки 13 и го „спасил“ синот на Јанева

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Сведокот во „Рекет“, Ана Камчева на продолжетокот од денешното свое сведочење во овој процес рече дека со сопругот се договориле да ги платат бараните 500.000 евра.

– Парите ги побарав од сметководителката Мими која од нашите сметки извади 350.000 евра, а 150.000 требаше да ги обезбеди Зоран Милески. Тој ме однесе кај Бојан Јовановски дома. Таму беше и фризерот Сергеј Варошлија. Парите му ги дадовме на Бојан. Тој реагираше што внатре имало мали банкноти, но рече дека ќе договори средба со Јанева. Така и беше. Милески ме однесе на таа средба, а Јанева веќе беше во дневната соба. Јанева ми кажа дека е благодарна што и го вработил синот бидејќи да не бил тој синот ќе и работел на брод. Јанева рече дека дел од недвижниот имот за гаранцијата бил под кирија и рече без гаранција Камчев ќе биде пуштен во домашен притвор. Тоа и се случи. Откако Јордан дојде дома, тој имаше средби со Милески и Јовановски. Не бев дома кога биле исплатени милион евра – рече Камчева.

Кога била кај Јовановски дома, Јанева и рекла дека ако разговорот излезе во јавност ќе знае дека таа го кажала, па се заканила со други истраги и пријави против нејзиниот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот