Боки 13 и должи на „Систина“ пари за операција

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска е одложено рочиштето во кое болницата „Систина“ од Бојан Јовановски познат како Боки 13, обвинет во аферата „Рекет“ побарува 634.251 денари или 10.313 евра за неплатена операција и постоперативна нега која била изведена врз Јовановски. Станува збор за операција за стеснување на желудникот.

Во изминатиот период токму Јовановски многу често се жалеше на влошена општа здравствена состојба поради проблеми со желудникот, а тврдеше дека поседувал и документација дека му бил оштетен и нерв при оперативниот зафат.  Судската расправа за овој случај е одложена за 20 декември.

Јовановски за „Рекет“ е во притвор од 15 јули. За овој случај во притвор е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, а во домашен притвор е Зоран Милевски викан Кичеец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот