Боки 13 е спроведен во затворот „Идризово“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, денеска околу 15 часот е спроведен во затворот во Идризово, каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврди за МИА директорот на Казнено-поправната установа „Идризово“, Јовица Стојановиќ.

Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје вчера ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и на јавниот обвинител во предметот, во јавноста познат како „Рекет”, и првостепената пресуда ја потврди во целост.

Наредбата Јовановски да биде префрлен во Идризово ја издаде судија за извршување санкции од Кривичниот суд, откако денеска до Судот пристигнала одлуката на Апелација со која се потврдуваат казните.

Апелација ја потврди пресудата за „Рекет“: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот