Боки 13 е позитивен на коронавирусот, пред еден месец бил вакциниран со втора доза

Бојан Јовановски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Бојан Јовановски, којшто во јавноста е познат како Боки 13, веќе неколу дена е позитивен на коронавирусот, објави „Фокус“.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди неговиот адвокат, Сашко Дукоски, којшто за медиумот појаснил дека Јовановски засега нема симптоми, но има коморбитети.

Јовановски од домашен притвор во затворот влезе на 22 јули, со примена една доза вакцина, а пред еден месец од затворот бил спроведен во „Борис Трајковски“ за да ја прими и втората доза.

Тој моментално престојува во затворот „Идризово“, каде што издржува 9-годишна затворска казна за случајот „Рекет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот