Боки 13 добил 150 илјади евра за купување лекарства и облека за Марина Туцаковиќ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сто и педесет илјади евра му дадовме на Бојан Јовановски за набавка на лекарствата за мојата сопруга Марина Туцаковиќ. Во таа сума се и парите за облека која мојата сопруга поради болеста ослабна, па со Бојан Јовановски се договараа каква облека да и купи од Милано, Италија. Ова денеска во судница го изјави Александар Радуловиќ, сведок во процесот „Рекет”.

На прашање на обвинетиот Бојан Јовановски колку пати финансиски му помогнал сведокот и неговата сопруга, Радуловиќ рече:

– Многу пати се има тоа случено. Немаме никакви долгови и ако треба пак ќе помогнеме.

Во случајот “Рекет” првообвинетиот Бојан Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Катица Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Овој случај каде обвинета е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, го води судијката Васка Николовска – Масевска, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот