Бојко Борисов во самоизолација

Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на ковид-19, напиша Борисов на фејсбук.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација откако заменик-министерот за регионален развој во неговата влада Николај Нанков попладнево објави дека е позитивен на коронавирус.

-Имам негативен ПЦР тест од утрово. Тестот беше направен пред мојата средба со делегацијата на САД. Пред меѓународните средби и патувања, според барањата на релевантни безбедносни длеегации, се тестирам. Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на ковид-19. Очекувам насоки од здравствените власти, а дотогаш ќе бидам во самоизолација. Со него последен пат бев во контакт пред 5 дена- напиша Борисов на својот официјален фејсбук профил.

Имам отрицателен PCR тест от тази сутрин. Тестът е направен преди срещата ми с делегацията от САЩ. Преди международни…

Publiée par Boyko Borissov sur Vendredi 23 octobre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот