Бојко Борисов пред ЕУ амбасадорите подава рака за продолжување на дијалогот со Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов учествува на видео конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и Швајцарската конфедерација на која меѓудругото сподели и свои видувања за спорот со Македонија:

-Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде посакувано и спроведено од двете страни, рече премиерот за време на видео состанокот на кој присуствуваше и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Тој во однос на кризата во Бугарија предзвикана од пандемијата на амбасадорите им соопшти дека е неопходно земјата да ја добие предвидената помош од ЕУ:

-Се наоѓаме во сериозна ситуација на продлабочување на социјалната и економска криза како резултат на пандемијата. Треба да дејствуваме брзо со одобрување на следниот буџет на ЕУ и Пакетот за помош, така што средствата и програмите ќе можат да бидат оперативни од самиот почеток, истакнал Борисов за што и самиот соопшти на својот ФБ профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот