Бојан Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ негативно влијае врз евроинтегративниот процес

Коментирајќи ја вчерашната посета на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархељ, советникот за евроинтеграции во владата, Бојан Маричиќ вели дека ВМРО-ДПМНЕ негативно влијае врз процесот. Причината за ова Маричиќ ја гледа во тоа што партијата испраќа сигнали дека нема да го користи уставното име на државата, а истовремено најавува дека ќе ја „стави Македонија на брза лента“ за ЕУ.

– Ова е контрадикторно. Сепак, еврокомесарот вчера не испорача тврди услови и посочи дека Македонија е спремна да ги почне преговорите. Во февруари ќе се прави нов извештај и еврокомесарот посочи дека е добро како помош во делот на владеење на правото и за резултатите во февруари, Законот за јавно обвинителство да биде донесен. Со ВМРО-ДПМНЕ се преговараше за овој закон долго време и направија се што е можно да истече рокот и да не се донесе законот. На тој начин влијаат негативно врз процесот. Но, ние нема да се откажеме и ќе продолжиме да се обидуваме да се донесе законот со лобирање со другите пратеници до распуштањето на Собранието – ни изјави Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот