Бојан Јовановски уште не е опериран, има најави дека можеби ќе се оперира на Клинички центар

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски од петокот е хоспитализиран во Градската болница во Скопје, со најава од адвокатскиот тим и од семејството дека ќе му биде извршена хируршка интервенција за целосно отстранување на желудникот. До денеска интервенцијата не е извршена, а дел од лекарите со кои неофицијално разговаравме, велат дека подобри услови за таква интервенција би имало на Клинички центар, на гастроентерохепатологија. Деновиве на Јовановски му биле правени испитувања на желудникот, примал лекарства и инфузии. Операцијата најверојатно ќе биде потребна бидејќи, неговата здравствена состојба би барала чести контроли кои не би биле можни во пенални услови. Семејството и адвокатите на Јовановски посочија во повеќе наврати дека Јовановски не бил третиран согласно лекарските упатства во „Идризово“ и затоа дошло до високоризичната здравствена состојба, од која најдобриот исход би бил траен инвалидитет

„Целата оваа ситуација и операцијата можеа да се избегнат доколку властите што одлучуваа по барањата за прекин ги почитуваа специјалистичките препораки, кои категорично укажуваа дека ќе дојде до сето ова бидејќи во затворски – пенални услови нема можност за лекување и третирање на болеста на пациентот. На Бојан Јовановски, по денешната хоспитализација, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата по што хирурзите специјалисти ќе пристапат кон нејзино извршување“, истакнаа тие минатата недела во соопштение.

Операцијата според адвокатите на Бојан Јовановски по својот карактер е високоризична и со неизвесен исход, па затоа формиран е тим од повеќе хирурзи специјалисти кои ќе ја извршат операцијата.

Напоменуваме дека тие се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, особено зашто тие навремено и во повеќе наврати даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој зафат зашто операцијата е високоризична и сложена, придружувана со можни компликации кои може да се кобни за пациентот, напиша правниот тим на Бојан Јовановски.

Адвокатите на Јовановски испратиле барање до кривичниот суд да се прекине извршувањето затворска казна.

И родителите на Бојан, Јасминка и Миле Јовановски во писмо до медиумите алармираа за сериозната здравствена состојба на нивниот син кој ја издржува затворската 9-годишната казна за случајот „Рекет“ во затворот Идризово и побараа одговорност за нечовечко однесување и тортура кон него. Според објавата на мајката, на Бојан му престои операција за отстранување на желудникот после која тој ќе има траен инвалидитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот