Бојаџиев: Кратовчани најмногу потфрлуваат во однос на дисциплината

-Кратовчани ја почитуваат вонредната состојба. Во однос на дисциплината најмногу потфрлуваме. Во оваа ситуација на никој не му се седи дома и повикувам да се почитуваат мерките, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев.

Тој додаде дека има 48 лица во самоизолација и дека се прави соработка со конфекциите за изработка на маски.

-Моментално имаме 48 лица во самоизолација. Има некои дилеми дали тие две недели се доволни да се види клиничката слика и бараме да останат барем уште пет дена во самоизолација. Мал хендикеп е недостатокот на медицински средства како заштитни маски. Разговарано е со конфекциите и за рекордно кратко време се изработени тие маски и поделени. По продавниците е солидна снабденоста и не се разликува во однос на претходниот период, додаде Бојаџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот